Инфо Компас и Коалиција СЕГА започнаа со спроведување на Национална кампања „Право на младински додаток – Информирај се за твоите работнички права“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Коалиција на младински организации СЕГА со поддршка на Инфо Компас, Конфедерација на Слободни Синдикати (КСС) и Бизнис Конфедерација (БК) започна со имплементација на Националната кампања „Право на младински додаток – Информирај се за твоите работнички права“ која ќе се спроведува во периодот од 12 август – 31 декември 2021 година.

Кампањата има за цел информирање на младите и работодавците за корисноста и придобивките од законот за младински додаток и да придонесе кон негова подобра примена.

Како почетна активност на кампањата се спроведува истражување кое има за цел да се испитаат знаењата и ставовите на младите на возраст од 18 – 29 години во однос на познавањето на Законот за младински додаток.

Преку кампањата ќе се опфатат голем број на млади од цела Македонија кои ќе бидат информирани за придобивките од користењето на Младински додаток и ќе се зголеми свеста за важноста од информирањето за работничките права за севкупната јавност во Македонија.

Доколку сакате да дадете придонес кон ова истражување можете да ја потполнете анкетата која се најдува на следниов линк: Истражување за Младински додаток

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи