На сите настани на затворени и отворено, ќе може да присуствува лице кое прележало ковид-19 во рок од 45 дена

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Потврда дека пациентот прележал Ковид-19 ќе биде доволна за влез во сите објекти од понеделник.  Oваа новина е дополнение на првично усвоените мерки која денеска ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче кој беше во посета на болницата во Охрид.

„Освен бараниот сертификат за вакцина, најмалку една доза, за влез на сите настани ќе биде доволно да се приложи и потврда дека пациентот бил заболен од ковид во рок од 45 дена. Сето ова ни укажува дека единствено решение е да се зголеми опфатот на вакцинирани. Верувам дека граѓаните ја разбраа пораката и навистина се зголеми интересот.  Популацијата која е вакцинирана и заболена е многу мал дел, што значи тоа се безбедни граѓани“, рече Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи