28-годишна медицинска сестра од Кичево почина од ковид-19, не била вакцинирана

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Уште еден здравствен работник е жртва на пандемијата со коронавирусот, пренесува Плусинфо.

Медицинска сестра од Кичево на 28-годишна возраст починала од компликации од ковид-19. Пред 3 дена таа била префрлена на скопските клиники, во тешка здравствена состојба, по што ја изгубила битката со болеста.

Сестрата, која е трета жртва од коронавирусот во Кичево за кус период, била вработена во кичевската Општа болница, потврдија од болницата, од каде информираа дека таа не била вакцинирана против ковид-19.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи