792 нови случаи на Ковид 19 – пријавени 10 починати лица

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 9.270 тестирањa, а регистрирани се 792 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 245, Тетово – 136, Гостивар – 127, Куманово – 59, Кичево – 42, Струмица – 37, Охрид и Дебар – по 23, Струга – 16, Битола – 15, Ресен – 11, Велес – 9, Штип – 8, Радовиш – 7, Прилеп, Кочани и Делчево – по 5, Кавадарци и Виница – по 4, Свети Николе и Берово – по 2, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 104 оздравени пациенти од: Скопје – 31, Тетово – 26, Гостивар – 16, Куманово – 8, Кичево, Струмица и Берово – по 3, Велес, Штип, Кочани, Кавадарци и Пехчево – по 2, Битола, Радовиш, Прилеп и Македонски Брод  – по 1.

Пријавени се 10 починати лица: 4 починати лица од Гостивар (44г,65г,69 и 74г), 3 од Скопје (33г,71г и 83г), 2 од Тетово (67г и 84г) и едно починато лице од Куманово (60г). Сите починати лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.055.312 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 161.359 бројката на оздравени пациенти е 150.774, на починати е 5.542, а бројот на активни случаи изнесува 5.043.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи