Заев за Канал 5: Ги информирав САД, Македонија ќе прифаќа мигранти од Авганистан

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ги информирале САД дека властите стојат на располагање да помогнат со бегалците од Авганистан.

„Авганистан се соочува со можна хуманитарна катастрофа и затоа ние како Влада, ги информиравме нашите стратешки партнери САД дека стоиме на располагање да помогнеме согласно нашите капацитети и потребите. Со цел да се спасат животите на локалното население, информиравме дека спремни сме да преземеме и прифатиме цивилно население од Авганистан кое изминативе 20 години работеше на мирот во таа земја, беше локална поддршка на сојузничките НАТО сили вклучително и на нашата армија, како и преземање и прифаќање активисти од демократските хуманитарни организации и од организациите за човекови права во Авганистан“, изјави Заев на прашање на ТВ21 околу тоа дали бегалци од Авганистан ќе бидат сместени во Македонија и дали има некое барање од државните сојузници.

Тој порача дека за таа цел ќе обезбедат сместување, при што трошоците за време на престојот на бегалците, до трајната дестинација, целосно би биле покриени од страна на САД.

„Ние сме солидарна земја, нашиот народ и нашето општество секогаш давале поддршка и помош исто како што сме добивале помош при огромни катастрофи“, посочи Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи