Повторно е активен пожарот во Прилеп, хеликоптери вклучени во гаснењето на пожарот кај Сарај

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Хеликоптери се вклучени во гаснењето на пожарот кај селото Раовиќ во општина Сарај. Главниот штаб на Центарот за управување со кризи донел одлука да се интервенира од воздух.

Портпаролката на ЦУК, Надица Вчкова на попладневната прес-конференција информираше дека освен хеликоптер на Армијата, во гаснењето ќе биде вклучен и хеликоптер од Црна Гора.

Активен и е пожарот меѓу селата Ракле, Никодин и Топлица во општина Прилеп. Овој пожар, како што информира Вчкова, е на тешко пристапен терен и на него интервенират пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Прилеп и вработени во шумското стопанство.

„Очекувањата се дека кон крајот единиците на Армијата, специјалните сили на МВР, лица од Националните шуми и противпожарните екипи целосно ќе го елиминираат овој пожар. На терен беа и четворица американски и седуммина француски експерти кои користат дронови за реално и термално извидување за откривање на потенцијални жаришта на пожар“, рече Вчкова.

Под контрола е ставен пожарот кај селото Мелничани во општина Центар Жупа и се прават напори за негово целосно гаснење. Дејствувањето на двата армиски хеликоптери, според ЦУК, било клучно да се стави овој пожар под контрола. Направени се 16 прелети со фрлање на огрона количина вода.

Под контрола денеска е ставен и пожарот меѓу селата Барово и Вешје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи