Млади прилепчани тешко повредени во сообраќајка со мотоцикл на патот Ресен-Охрид

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 15.08.2021 во 11.10 часот на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на с. Опеница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд мондео“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(60) од с.Косел, охридско и мотоцикл „априлиа“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(25) од с. Мало Коњари, прилепско.

Во незгодата Г.Б. се здобил со тешки телесни повреди, а неговата сопатничка Т.Т.(24) од Прилеп се здобила со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“- Охрид. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи