Османи: 25 наши државјани се на лет од Кабул за Доха, се очекува евакуација на уште 50 лица

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Владата е во директна комуникација со компаниите во кои се вработени македонските граѓани кои се регистрирани во Авганистан и за кои се обезбедени повеќе опции за летови за евакуација и за нивно пристигнување во Македонија. Во овој момент имаме информации дека сите наши регистрирани граѓани се безбедни.

„Од околу 50 граѓани кои утрово беа на аеродромот во Кабул, 25 веќе се наоѓаат на воениот терминал и регистрирани се за следниот лет со воен авион на американската армија. Тие ќе бидат упатени за Доха, Катар, од каде што нивниот пат за враќање дома е неспорен.

Останатите околу 25 граѓани се упатени на следниот лет и во моментов работиме за нивна регистрација и потоа евакуација директно од аеродромот во Кабул.

Располагаме со информација за уште 25 граѓани кои се наоѓаат во американската база во Кабул. Тие се безбедни и во моментов се на листа на чекање за да бидат трансферирани кон аеродромот и потоа евакуиран“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.

МНР завчера формира работна група која работи на евакуација на македонските државјани кои се работно ангажирани во Авганистан.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи