Пожарот во прилепско се проширува кон Фаришки лозја, тешко пристапен терен, се уште нема испратено екипи за гаснење

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Се уште се активни пожарите во скопско, прилепско, струмичко и штипско. Под контрола се ставени три пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според известувањето од ПС Сарај што ЦУК го добило во 6:30 часот, дел од пожарот во село Раовиќ – село Буковиќ е локализиран во текот на вчерашниот ден, но на потегот село Буковиќ – село Чајлане кон Матка се уште е активен.

Активен е пожарот и во атарите на селата Ракле – Никодин – Топлица. Гори кракот од село Ракле – село Крстец и се проширува кон местото викано Фаришки Лозја. Пожарот е активен на тешко достапен терен. На терен, како што посочуваат од ЦУК, се уште нема испратено екипи.

Пожарот кај село Безгаштео, беровско, кој е симнат над село Нивичино е се уште активен, а екипите на ТППЕ Струмица синоќа се вратени во 24:00 часот. Од ЦУК велат дека се работи за непристапен терен на кој не можат да интервенираат.

„ШС-Берово известува дека пожарот кој избувнал во текот на вчерашниот ден околу 16:30 часот, на место викано „Безгаштево“ по привични сознанија тврдат дека е на територијата на општина Струмица. Во 07:00 часот ,од ШС Берово една екипа е упатена кон местото на пожарот. Повеќе информации ќе се добијат во текот на денот“, информираат од ЦУК.

Во Демир Капија – Неготино, пожарот во атарот на село Барово во текот на вчерашниот ден е ставен под контрола. До заминување на екипите од теренот во внатрешноста на опожареното подрачје постоеле некои места каде се забележувало задимување. Утрово на опожареното подрачје ќе се упатат шест вработени од ШС Демир Капија.

Пожарот кај село Горно Мелничани општина Центар Жупа е ставен под контрола. Екипите од ТППЕ-Дебар и од шумското стопанство и денеска ќе го контролираат теренот кој беше зафатен од пожарот.

За пожарот кај село Црвена Вода, ЦУК добиле известување дека е под контрола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи