Прилепските пожарникари изгаснаа пожар на 1.747 мнв. на врвот Козјак

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Четворица прилепски пожарникари вчера изгаснаа пожар на 1.747 мнв. на врвот Козјак. Огнот зафатил околу 4 хектари трева и ниско стеблеста шума.

Пожарникарите направиле натчовечки напори истиот да не се прошири од кон селото Крстец.Четворицата пожарникари прво стигнале со теренско возило преку преминот Борула до чешмата Студенец, а од тука до Козјак пешачеле 2 часа, за да потоа веднаш започнат со гасење.

Моментално во Прилеп има активен пожар во атарот на селото Никодим, позади ридот на селото Топлица.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи