Филипче: Утре ќе биде предложена нова мерка за сите граѓани, македонски и странски државјани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Дополнителна мерка ќе биде разгледана утре за влез и за излез од земјата, според која ќе се бара вакцинален сертификат, негативен ПЦР-тест или потврда за прележан ковид, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Новата мерка ќе се однесува на сите граѓани, македонски и странски државјани.

„Менаџирањето на ситуацијата, како што посочува, индицира сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, особено од денеска кога во сила стапуваат новите мерки. Процесот на вакцинација се одвива непречено на сите пунктови низ државата и се надеваме дека овој тренд на зголемена заинтересираност и натаму ќе продолжи. Повикувам на максимално почитување на мерките, држење дистанца, редовно водење на лична хигиена и вклучување во процесот на имунизација. Вакцините штитат од тежок тек на болеста, од смртен исход и го отежнуваат неконтролираното ширење на вирусот“, рече  Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи