Хелсиншки: Да бидеме одговорни и рационални, осуда за навредите кон лекарите наречени „убијци“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Хелсиншкиот комитет за човекови права со загриженост реагира на изјавите и пораките упатени на вчерашните протести против вакцинацијата и мерките за заштита од ширење на коронавирусот. Комитетот секогаш го поддржува правото на протест и слободно изразување на мислењето, но истовремено, секогаш треба да биде присутна свеста дека граѓаните, покрај уставно гарантираните права, имаат и уставно регулирани должности.

„Потсетуваме на членот 39 од Уставот на Р.С Македонија, според кој граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје, но и здравјето на другите. Токму затоа, забраните во случај на одбивање на вакцинацијата, во ниту еден момент не може да се подведат под сомнение дека би биле основ за дискриминација или во спротивност со Уставот и основните човекови слободи и права. Пандемијата на ковид-19 го отежна нормалното функционирање насекаде на светот, а рестриктивните мерки, кои се составен дел од справувањето со здравствената криза, го ограничи правото на движење, а задира и во други човекови права. Но, со оглед на фактот дека пандемијата може да се стави под контрола само преку висока стапка на имунизација и со почитување на здравствените протоколи, апелираме на повисока граѓанска свест и одговорност кон овие прашања“, велат во реакцијата од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Во соопштението се вели дека на вчерашните протести можеа да се слушнат и прочитаат дезинформации и теории на заговор, што зборува за потребата граѓаните да се информираат од релавантни извори.

„Апелираме до граѓаните да се информираат од релевантни извори, засновани на научни сознанија и препораки и да ги отфрлат информациите базирани на лаги и теории на заговор. Истовремено, ги повикуваме сите општествени чинители присутни во јавниот живот, да бидат свесни за потребата од одговорен и рационален пристап во борбата со пандемијата и да не ги охрабруваат ваквите наративи, кои не само што се на штета на јавното здравје, туку водат и до понатамошна општествена поларизација, што е особено опасно при криза од вакви размери“, стои во реакцијата од Хелсинкиот комитет.

Остро ги осудија навредите и омаловажувањата упатени кон лекарите и истовремено предупредупредија на опасноста од евентуални физички напади иницирани од ваквиот однос.

„Исто така, остро ги осудуваме навредите и омаловажувањата упатени кон лекарите и истовремено предупредуваме на опасноста од евентуални физички напади иницирани од ваквиот однос. Уште од почетокот на пандемијата, здравствените работници се на првата линија на борбата, и без оглед на личните ризици со кои се соочувааат, доследно и професионално ја извршуваат својата работа и спасуваат човечки животи“, дополнуваат од Хелсиншкиот комитет.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи