МОН го објави планот и протоколите за организирање на учебната 2021-2022 година


Создадени се услови за почеток на новата учебна година со физичко присуство, оцени денеска Главниот кризен штаб со кој раководеше премиерот Зоран Заев, на предлог на Министерството за образование и наука. Конечната одлука за начинот на кој ќе започне новата учебна година се очекува да биде донесена утре на Владина седница.

Според членовите на ГККШ во прилог на заклучокот за почеток на училишната година со физичко присуство, се големиот број на вакцинирани наставници и училиштен кадар, којшто во моментот изнесува 62%, од вкупниот број вработени во училиштата.

Во насока на започнување на новата учебна година се и протоколите за заштита од Ковид- 19, за  настава со физичко присуство, кои се изработени од страна на МОН  и веќе усвоени од Комисијата за заштита од заразни болести, а се однесуваат на носење маски и редовно проветрување на просториите каде се одржува наставата.

Протоколите се веќе доставени до училиштата, а може да се погледнат ОВДЕ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи