Норвешка и Финска повторно забранија влез на патници од Македонија


Патниците од Македонија, Косово и Украина кои досега можеа да влезат во Норвешка „поради специфични цели на влез“, меѓу кои и посета на момче или девојка во земјата, повеќе нема да можат да го сторат тоа, објавија норвешките власти.

Одлуката која што норвешките ја донесоа на 13 август, стапува во сила денеска, откако на денот кога е донесена било утврдено дека Македонија со два милиони жители има 639 нови случаи на ковид-19, Косово со 1,8 милиони жители имаше 1.009 случаи, а Украина каде што живеат 44 милиони имала 1.263 нови случаи на ковид-19, објави Шенген виза инфо.

Поради зголемување на бројот на новозаразени и Финска одлучи од денеска повторно да воведе забрана за влез на патници од Косово и од Македонија.

Норвешката Влада воведе дополнителни рестрикции за влез на граѓани и од неколку ЕУ земји, вклучувајќи ги Бугарија, Лихтенштајн, Словенија и Австрија, а патниците кои доаѓаат од овие земји ќе мора да бидат во карантин по пристигнувањето, откако овие четири држави од зелена се префрлени во портокалова категорија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи