Туристичкиот сектор против предлогот за влез со ПЦР тест во државата


Туристичкиот сектор не смее да трпи уште една огромна загуба доколку надлежните иституции донесат одлука да се влегува во државата со задолжителен ПЦР тест. Ваквото мислење го делат сите туристички агенции, кои веќе неколку месеци се борат да се опорават од катастрофалната 2020-та година, кога туризмот беше во мрак.

„Вакцинацијата е неопходен чин за заздравување на економијата, намалување на смртните случаи и бројките на новозаразени граѓани. Како приватен секор кој се бори за да опстане, сметаме дека доколку се донесе одлука за влез во државата со задолжителен ПЦР тест ќе ги поттикне сите кои веќе уплатиле за годишен одмор да ги бараат средствата да им бидат вратен, а парите се веќе уплатени до нашите партнери, соработници во странство. Ова ќе значи тотален колапс, а со тоа и затворање на многу од агенциите.

Сметаме дека не е потребно да се наметне задолжително тестирање за влез во земјите во кои не е потребен тест како што се Албанија и Црна Гора.

Исто така сметаме дека надлежните институции треба да спроведат детална анализа на граничните премини користејќи го моделот на „тестирање по случаен избор“ на македонски туристи кои се враќаат дома. По сето ова ќе може да се утврди дали е потребно задолжително тестирање, треба да се постават мобилни екипи во меѓуграничниот појас каде граѓаните ќе може да направат брзи тестови по повластена цена од 800 до 1.000 денари.

За тест за излез од земјата нема никаква логика, а посебно кога се патува во земји кои за влез не бараат никаков тест. Доколку се усвои предлогот за задолжително ПЦР тестирање во текот на утрешниот ден, туристичките агенции ќе бидат приморени да излезат на улица“, се вели во соопштението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи