Трета доза вакцина ќе се дава на имуно-компромитирани лица


Од Комитетот за имунизација стигна препорака лицата кои се имуно-компромитирани да примат трета доза на вакцина, според препораката на СЗО и здравствените институции во САД, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Со трета доза ќе се вакцинираат пациенти кои имале трансплантација, кои се на хронична дијализа и некои други категории пациенти имунодефицитарни согласно дијагнозата. Денеска дојде препораката, ќе се официјализара деновиве и во текот на неделава ќе стапи во процес“, рече Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи