Јованоски: Ќе се изградат нови домови за четирите семејства на кои им изгореа социјалните бараки


Во пожарот во кој пред десетина дена изгореа четири социјални бараки во прилепската населба Варош, под Марковите кули, 14 луѓе останаа без своите домови. Тие се привремено сместени во изнајмени станови чија кирија ја плаќа општина Прилеп, а планирана е изградба на нови домови. Ова го соопшти градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски на неговиот Фејсбук профил.

„Четирите семејства со вкупно 14 членови чии бараки пред десетина дена целосно изгореа во пожар, привремено се сместени во изнајмени станови, за кои киријата ќе ја плаќа Општина Прилеп

Откако целосно ќе бидат санирани последиците од пожарот, со помош на неколку градежни фирми и други компании од нашиот град, на сите четири семејства Општина Прилеп ќе им изгради покрив над главата.

Со наш целосен ангажман и со помош на општествено одговорни компании, верувам дека до крајот на градежната сезона нашите сограѓани ќе се вселат во новоизградените домови“, напиша Јованоски.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи