АВМУ: Навредите кон новинарите се директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска испрати реакција во врска со неделниот протест поттикнат од новите мерки против коронавирусот.

АВМУ ги осуди навредите и вулгарните пораки кои беа упатени кон новинарите на протестот и потенцира дека ваквиот однос е директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

„Ги осудуваме сите форми на омаловажување и вербални навреди врз новинарите и апелираме да се почитува достоинството на новинарската професија, како и личното достоинство на медиумските професионалци. Потенцираме дека обезбедувањето услови за непречено работење на медиумските работници е неопходен предуслов за слободата на информирање“, наведува АВМУ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи