Во јуни издадени 320 одобренија за градење

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во јуни годинава се издадени 320 одобренија за градење, што е за 17,2 % повеќе во однос на јуни лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најголем број од одобренијата се во Скопскиот регион, 106, по што следат Југозападниот со 61, Полошкиот со 44, Вардарскиот и Источниот со по 30.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.568.461.000 денари, што е за 64,6 % помалку во однос на јуни минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 191 (59,7 %) се за објекти од високоградба, 43 (13,4 %) од нискоградба, а 86 (26,9 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 320-те објекти, кај 164 (51,2 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 156 (48,8 %) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 639 станови, со вкупна корисна површина од 61 828 метри квадратни. Најголем број се предвидени во Скопскиот, 180, од кои најмногу се во Општина Сарај (141).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи