Одбележана 119. годишнината од раѓањето на Методија Андонов – Ченто

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Општина Прилеп денеска ја одбележа 119-годишнината од раѓањето на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто.

Пред споменикот во центарот на градот, свежо цвеќе положи градоначалникот Илија Јованоски, како и членови на Советот на општина Прилеп.

„Во својата биографија Ченто бележи значајна политичка активност уште пред почетокот на Втората светска војна. Во 1942 година бил интерниран во логорот „Чучулигово“, а по ослободувањето од интернација бил повикан од Главниот штаб на НОБ и ПОМ да се приклучи во Народно-ослободителната војна. По основањето на иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, на Првото Собрание на 2.Август 1944 година, Ченто бил избран за негов Претседател.

Методија Андонов-Ченто е роден на 17 август 1902 година во Прилеп, а починал на 24 јули 1957 година.

Нека му е вечна славата“, напиша Јованоски на Фејсбук.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи