Од високите температури загрозени сите земјоделски култури, наводнувањето спас за производството

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Екстремно високите и надпросечни температури што ја зафатија земјава се загрозувачки за сите земјоделски култури. Целосно ја дехидрираа почвата, а недостатокот на вода за наводнување дополнително ја влоши состојбата. Драстично е опаднато и нивото на подземните води.

Според агрометеоролозите, малата промена на времето која се очекува на крајот од оваа недела со пад на температурите за околу два до четири степени, е незначителна за ваква екстремно загреана атмосфера.

Тие им препорачуваат на земјоделците да ги искористат сите можни капацитети за наводнување, за да спасат барем дел од производството.

„Загрозени се сите култури, и пролетните окопни и индустриски, градинарските, но и овошките и виновата лоза како повеќегодишни култури, особено оние каде нема никакви услови за било какво наводнување. Ваквите временски услови со екстремно високи, надпросечни температури кои се одржуваат многу долг период, претставуваат апсолутно најнеповолна агрометеоролошка состојба во период кога голем дел од земјоделските култури се наоѓаат во интензивна вегетација“, нагласуваат агрометеоролозите од УХМР.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи