Прва јужнокорејска инвестиција во земјава, вредна 30 милиони евра

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Делегација предводена од менаџментот на компанииte Дура аутомотив системс и Алмак одржаа работна средба со премиерот Зоран Заев, на која беше презентиран нивниот нов инвестициски проект во земјава.

Средбата е во пресрет на утрешното официјално стартување со инвестициските активности на двете компании кои донесоа одлука за заедничка инвестиција во Технолошо-индустриската развојна зона – Скопје 2.

Станува збор за нова инвестиција во висина од 30 милиони евра за изградба на најсовремен објект каде ќе се одвива напредно производство и склопување на технолошки компоненти за автомобилската индустрија.

Заев ги поздрави заложбите за инвестиции во Македонија.

„Особено ме радува фактот што претставниците на „Алмак” како главна причина за инвестирање во Северна Македонија го посочија позитивното искуство на нивниот бизнис партнер „Дура аутомотив системс”, кои ја потврдија одличната деловна клима во земјава.

Ги поздравувам ваквите инвестиции во Северна Македонија, кои значат имплементирање на врвна технологија и нови добро платени вработувања, што ќе влијае на севкупниот економски раст на земјава“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

На средбата во Влада,  присуствуваа и  директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, како и директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Дејан Павлески. Почетокот на производството се планира за следната година.

Компанијата од Јужна Кореа, „Алмак“, ќе има мнозински удел во заедничкиот инвестициски проект од 70%, а главна причина за нивната одлука за инвестирање во Северна Македонија, како што беше истакнато на состанокот, е позитивното искуство на нивниот бизнис партнер „Дура аутомотив системс“, кои ја потврдија одличната деловна клима во земјава и можноста за долгорочно планирање и развој на заедничкиот проект.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи