Царовска: Наставата ќе биде со физичко присуство се додека дозволува епидемиолошката состојба

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерката за образование Мила Царовска очекува дека Владата на денешната седница ќе донесе одлука за почеток на учебната 2021/2022 година со физичко присуство на наставата, по препорака од Главниот кризен штаб кој вчера на состанок оцени дека се создадени услови за отворање на училиштата.

Исклучок од одлуката за настава во училиште може бидат учениците со хронични болести или кои имаат член во семејството со хронична болест. Онлајн-настава ќе следат и оние ученици кои ќе бидат во изолација.

Како што појасни  Царовска,  донесени се и посебни протоколи, кои опфаќаат носење маски, почесто миење на рацете, проветрување на просториите и распоред на влегување во зградата за да нема метеж.

„Минатата година покажавме дека може да има е успешна онлајн учебна година, но нема подобро образование од она со физичко присуство. Затоа што искуствата и во светот, и кај нас, покажуваат дека менталното здравје и социјализацијата се дел од учењето. Училиштата се веќе обучени, има протоколи, лани беа отворени за помалите ученици и немавме инциденти на интерно ширење на вирусот. Затоа, за оваа година, во интерес на учениците, Кризниот штаб препорача и денеска имаме владина седница на која очекувам дека ќе биде потврдена одлуката“, рече Царовска, одговорајќи на новинарски прашања при посета на ОУ со ресурсен центар „Иднина“.

За спречување на ширење на вирусот ќе придонесе почитувањето на здравствените протоколи, како и имунизирањето на вработените во училишатата, кое досега изнесува 62 отсто.

„Презадоволна ќе бидам ако постигнеме 80 проценти. Наставниците се враќаат од одмор и сигурна сум дека ќе има уште една поголема акција на вакцинирање до 1 септември и уште побезбедно ќе се чувствуваме во училиштата“, истакна Царовска.

Министерката посочи и дека постојано ќе се следат препораките од Комисијата за заштита од заразни болести, а доколку дојде до влошување на состојбата и се зголеми ризикот, потсети дека МОН е подготвено и за  2 други сценација кои ги претстави минатиот месец – онлајн-настава и комбинирано следење на наставата односно неделно ротирање на групи ученици за настава во училиште и онлајн.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи