Англиски замок од 13. век се продава за 11 милиони фунти


На британскиот пазар на недвижности неочекувано се појави замокот Лим кој се наоѓа во Хајт во Кент.

Се работи за дворец од 13 век, кој во изминативе дваесет години се користел за свадби и други настани.

Претходно, освен како благородничка резиденција, се користело и како воен објект.  За време на Втората светска војна, оттука се набудувале ракетите В1 соборени од Британците. По завршувањето на војната, замокот го купи Хенри Бичам, кој додал една кула.

Дворецот нуди прекрасен поглед на Ла манш, го посетувале бројни познати личности, премиери и музичари, а Пол Макартни со својот бенд „Wings“ таму сними дел од албумот „Back To The Egg“.

Сегашниот сопственик, Роберт Тејлор кој го купил замокот во 2011 година, сега го продава за 11 милиони фунти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи