Османи: Од НДИ побарано сместување на уште 200 цивили од Авганистан, вкупно 386 цивили ќе пристигнат во Македонија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека од Националниот демократски институт (НДИ) е стигнато барање за привремено сместување на дополнителни 200 цивили.

Ова е  дополнително на бројката од 186 граѓани од Авганистан за привремено прифаќање во земјава, за која извести Владата.

Османи објаснува дека станува збор за жени и деца на активисти вработени во НДИ во Авганистан, а списоците ги третираат надлежните служби, МНР, МВР и согласно на тоа ќе се одговори на тие барања.

„Во однос на цивилите од Авганистан за коишто државата се понуди да прими привремено дел од нив во државата, вчера известивме преку Влада, дека за одредена бројка  за којашто има барање од страна на меѓународнни агенции и организации,  пред се тоа се активисти за човекови права, семејества на вработен во меѓународните организации, пристигна исто така вчера и  дополнителна листа од НДИ кој список се обработува од страна на МНР, од страна на надлежните служби и ќе се постапи по нив.

Како се даваат одобренијата, така граѓаните можат да пристигнат. Меѓутоа имајќи предвид дека бројот на летови од Кабул е значително ограничен, оттука не можеме да кажеме кога точно тие цивили би пристигнале во државата, но потоа ќе бидат третирани согласно внатрешните правила на однесување и ќе бидат сместени во капацитети коишто ќе бидат обезбедени“, рече Османи на прс-конференцијата во МНР. 

Во однос на сместувањето, Османи посочи дека Координативното тело во Влада, веќе прави список на сместувачки капацитети коишто покажуваат интерес и имаат можност да ги прифатат овие цивили, а трошоците ќе им бидат платени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи