Пронајдени букети цвеќиња стари 1800 до 2000 години под храм во мексиканска пирамида


Во Мексико, во урнатините на античкиот град Теотиуакан, археолози пронајдоа букети цвеќиња стари 1800 до 2000 години, пишува „Дејли мејл“.

Артефактите биле откриени на длабочина од 18 метри – под храмот посветен на Кецалкоатл (познат и како „Змија од пердуви“) – еден од важните богови на древните народи.

Околните жители го пренесуваат верувањето на нивните претходници – дека ова божество му давало пченка на човештвото и ги создало луѓето. Вкупно четири букети се пронајдени во многу добра состојба. Тие сe уште се врзани со конци, најверојатно памук.

Теотиуакан („Градот на божјите патишта“), науката го смета за еден од највлијателните центри за трговија и култура во претколонијална Северна Америка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи