Бугарија ќе донира вакцини против ковид-19 на Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Владата на Бугарија усвои нацрт договор за донација на вакцини против ковид-19, произведени од „Фајзер-Бионтек“ на Република Македонија, јави бугарската новинска агенција БТА.

Тоа е тристран договор помеѓу Република Бугарија, Република Македонија и „Фајзер-Бионтек“.

Исто така е усвоен Двостран договор за донација на вакцини против ковид-19 помеѓу двете земји.

Договорите предвидуваат донација од 51 480 дози од вакцината Комирнати, како и дека сите расходи за достава на вакцините да бидат на товар на Република Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи