Српските туристи искористија 84 илјади бесплатни картички за патарина во Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Заврши периодот на бесплатната патарина за српските туристи во знак на благодарност за можноста македонските граѓани да се вакцинираат против Ковид-19 во Белград, Ниш и Врање.

Близу 84.000 бесплатни електронски картички за плаќање патарина искористиле српските туристи кои транзитираа низ државава на патот кон Грција.

Во мај годинава Владата одлучи за српските возила што транзитираат низ Македонија во периодот од 15 јуни до 15 август да одвои околу 2,8 милиони евра за изготвување на 200.000 М Смарт картички. На секоја од нив имаше доволно средства за плаќање на патарините од Табановце до Гевгелија и назад, ги изготви ЈП за државни патишта, а на граничниот премин Табановце ги делеше полицијата.

Но, бројот на поделени картички беше помал, односно околу 83.959, со вкупна вредност од 1,2 милиона денари, со што неискористени останаа повеќе од 1,5 милиони од планираните средства.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи