Филипче: Вакцинираните што се позитивни на ковид се со лесна клиничка слика

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Граѓаните што се вакцинирани против ковид-19, а се позитивни на вирусот, се во многу мал број и тие се со лесна клиничка слика, вели министерот за здравство Венко Филипче.

„Околу 10 отсто од вакцинираните граѓани се заразиле со ковид, а исто така околу 10 отсто од хоспитализираните ковид-пациенти се пациенти кои се вакцинирани, но тие се со лесна клиничка слика. Вирусот има најтешка форма кај невакцинираните граѓани“, рече Филипче денеска во изјава за медиумите.

Денеска има околу 1.000 нови дијагностицирани заразени од коронавирусот во земјава, потврди Филипче.

Вчера било целосно ставено во фунција ковид одделението на ГОБ 8 септември, каде има уште слободни кревети, но се обезбедува дополнително слободен простор во делот на интензивната нега.

Филипче повтори дека вакцинацијата е најдобар начин да се заштитат граѓаните од коронавирусот.

„Десет отсто од сите дијагностицирани случаи на ковид во земјава се вакцинирани, и исто така 10 отсто од хоспитализираните се исто така вакцинирани. Но, она што е за нас најбитно е дека во градовите во земјава, како што е на пример Охрид, каде е висок процентот на вакцинација, е најмал бројот на хоспитализираните. Исто така, битно е што од сите вакцинирани граѓани во земјава, а таа бројка вчера достигна дури 600 илјади, многу мал процент, само 0,002 отсто се заразиле со корона вирусот, што значи вакцинираните далеку помалку се заразуваат. И, докажано е дека вакцината за дури 20 пати го намалува ризикот од смртен исход од болеста“, истакна Филипче. 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи