Заев: Мицкоски не знае да вози велосипед во мултиетнички средини

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На денешното пуштање во употреба на спортската сала во ООУ „Александар Здравковски“ во Јегуновце премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на Мицкоски дека се во финална фаза со опозициските албански партии за заеднички настап на изборите, Заев пренесува порака од некоја паметна жена и посочува дека Мицкоски не знае да вози велосипед во мултиетничка средина.

„Јас ќе искористам една убава реченица кажана од една паметна жена, во мултиетничките средини политиката, животот и работењето е како возење велосипед, и ако престанете да ги вртите тркалата тогаш ќе паднете, значи мора постојано да ги вртите. Јас се надевам дека Мицкоски ќе се качи на велосипед и ќе тргне конечно да ги врти тркалата. За жал се уште тој не е спремен и јас очекувам граѓаните да се изјаснат согласно севкупните перспективи, свои и за своите општини и да ја изберат најдобрата понуда која ја имаат на располагање“, рече Заев.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи