Заев: Не треба да бидеме поголема или побогата земја за да им дадеме надеж на 450 до 500 Авганистанци

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Нашата земја знае што значи солидарност и колку е важно на солидарноста да се врати со исто таква солидарност и разбирање на трагедијата на луѓето, истакна премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Сител на прашањето за одлуката Северна Македонија да прифати одреден број граѓани на Авганистан.

„Понудивме помош затоа што отсекогаш сме биле и ние солидарни и знаеме што  значи солидарност. Граѓаните треба да се сетат дека Авганистан учествуваше во изградбата на Скопје после катастрофалниот земјотрес и учествуваше во изградбата на Универзалната сала. Во поново време авганистанските граѓани работеа со нашите војници во заложбите да се воспостави демократијата во оваа земја. Работеа на хуманитарните проекти во Авганистан и наша должност е сега да им помогнеме кога животот им е во опасност“, рече претседателот Заев во интервјуто за ТВ Сител.

Тој додаде дека политикантски се коментарите дека нашата земја покажала повеќе волја од поголеми и побогати држави да ги прифати бегалците  од Авганистан.

„Ова е прашање на вредности, на хумана определба да покажеме дека сме луѓе и дека имаме разбирање за страдањето на народот на Авганистан. Многу сум горд на тоа дека ќе им дадеме надеж на 450 до 500 или повеќе луѓе во неволја“, истакна премиерот Заев и информираше дека трошоците за нивното сместување до нивната конечна дестинација во трети земји ги покриваат САД.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи