Тутунарите бараат прогласување на елементарна непогода, обештетување и зелена нафта и за тутунарите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Господине Џафери, ако вие и пратениците доволно оцрневте и одморивте на море, Нас тутунарите не изгоре сонцето по нивите. Се вели во најновата реакција на новоформираните тутунски здруженија.

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

„И затоа ако ги поминавте сите закони за законот од законот за 5-тиот пакет мерки за тутунарите, бараме на првата седница која ќе ја свикате во собрание да го ставите на гласање истиот, бидејќи тие стредства нас на тутунарите ни се веднаш потребни.

Секое друго одложување на овој ФАМОЗЕН 5ти пакет од ваша страна ние тутунарите ќе го сфатитиме единствено како средство за вршење притисок и начин на поткуп за изборите кои следат. Бидејќи, господине Џафери, немаат сите среќа да имаат и преимаат, некој немаат па и она малку што им е ветено им е препотребно.

А имајќи го и фактот дека и во оваа реколта трпиме огромни штети од неповолните временски услови настанати од сушата и од врнежите од град каде во некои реони и преку 80 % им е уништен родот на тутунопроизводителите и земјоделците, апелираме јавно и до владата веднаш да прогласи елементарна непогода и да изнајде начин за обештетување на сите земјоделци вклучително и за тутунарите со кои мерки ќе се придонесе полесно да ја пребродиме и оваа тешка година со пандемија и со неповолни климатски услови за земјоделието и земјоделците.

Исто бараме и вклучување на тутунарите и сточарите во мерката зелена нафта бидејќи колку за потсетување, и ние ги обработуваме нивите со трактори, доколку некој не знае. И за на крај… Дајте свестете се еднаш дека вие постоите за нас а не ние за вас и од вашите ветувања и политиканство сте ни дојдени преку глава“, вели Игор Мирчески координатор на новоформираните титунски здруженија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи