ДИК: Бараме законски решенија граѓаните без лични карти да можат да гласаат


Државната изборна комисија (ДИК) ќе направи се за да се изнајдат законски решенија за граѓаните со неважечки лични карти кои не се во можност да добијат нови поради блокираниот закон да можат да гласаат. Претседателот на ДИК Александар Даштевски по денешната седница на Комисијата посочи дека доколку граѓаните имаат важечки пасош ќе можат да гласаат, но исто така дека сепак се преземаат дополнителни активности за изнаоѓање други законски решенија.

„Ние ќе направиме се за да изнајдеме законско решение, бидејќи знаете дека се употребуваат и личната карта и пасошот, така што граѓаните имаат или едно или друго. Ќе гледаме во таа бројка да потпаднат сите граѓани, бидејќи кој нема лична карта има пасош и обратно. Ќе преземе и дополнителни активности за да го искординираме тоа и ќе бараме и други законски решенија“, рече Даштевски.

Претседателот на ДИК Даштевски кажа дека пет проценти од апаратите за вчитување на отпечатоци од прсти ќе пристигнат на 25 август, а останатите сукцесивно до 1 октомври, до кога исто така треба да биде испорачана целокупната опрема.

Компанијата „Дермалог“, според договорот, треба да достави и испечатено упатство за користење на апаратите, кое ќе биде дел од едукацијата на претседателите и заменик-претседателите на избирачките одбори. Апаратите и другата опрема што ќе се користи на изборите нема да бидат поврзани со интернет, односно тие ќе се наполнат со податоци, а по изборите ќе бидат испразнети.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи