40 илјади луѓе останаа без лични карти, блокирани плати, пензии и социјална помош во банките

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Со месеци трае застојот во издавање на лични документи во Министерството за внатрешни работи, а се повеќе граѓани не може да ги остварат основните права – да земат пензија или социјална помош поради тоа што банките не им даваат без важечка лична карта.

Голем дел од банките не ги ставаат во функција трансакционите сметки со истечена лична карта, а не ги прифаќаат ни листовите кои ги издава МВР дека личната карта е во процес на подготовка.

Премиерот Зоран Заев вели дека причина за ваквата состојба е блокадата на Законот за лични карти, односно последните измени, кои се на предлог на БЕСА со одложено дејство до 2023 година, а се блокирани од Левица.

Заев порача дека на владина седница ги задолжиле економските ресори да се изнајдат начини за да се стави целосно во функција животот на граѓаните на кои им е истечена личната карта или вадат лична карта по првпат.

„Овие денови сме принудени да бараме решение за сите оние граѓани апликанти за нова лична карта заради истечена или за првпат добивање лична карта или слично. Бројката е околу 40.000“, рече Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи