Maричиќ: Жртвите од кривични дела ќе добиваат поголема правна и парична помош

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерот за правда Бојан Маричиќ, во својот говор на Конференцијата „Патот на жртвите од насилни кривични дела во правдата“, кажа дека со нов закон кој Владата го усвои пред неколку недели, жртвите на кривични дека во иднина ќе добиваат многу поголема правна заштита и паричен надоместок.

„Пристапот до правда, односно информираноста и можноста за правно разрешување на насилните кривични дела, времетраењето на постапката, доказите што треба да се обезбедат, видот на одлуката, и особено каков вид на казни им се изрекуваат на насилниците, се индикатори за општествената реакција. Преку подготовка на Закон за компензација на жртви од кривични дела со насилство, за првпат се воведуваат законски права на жртвите од кривични дела со насилство“, истакна Маричиќ.

Целта за донесување на овој закон е да се обезбеди паричен надоместок на жртвите од кривични дела сторени со насилство како првична солидарна помош од страна на државата за нивното страдање, согласно начелото на општествена солидарност, но и да се спречи можна секундарна виктимизација како дополнително страдање што жртвите можат да го претрпат во постапките пред институциите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи