Влез во аеродромската зграда само за вакцинирани, прележани и за лица со негативен тест

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Од синоќа во аеродромската терминална зграда може да се влезе само со сертификат за вакцинација, за прележан ковид-19 или негативен тест, соопштија од Меѓународниот аеродром во Скопје.

Оттаму истакнуваат дека по одлуката на Владата за изменување на одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест ковид-19 предизвикана од вирусот Sars-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена, донесено било решение за измена на протоколот на ТАВ Македонија за управување со аеродромите во време на пандемија.

Така, согласно најновата одлука, од вчера влез во аеродромската терминална зграда е дозволен само со приложување:

  • сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест ковид-19; или
  • сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или
  • медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS CoV-2 тест, не постар од 72 часа, или брз антигенски тест не постар од 48 часа, пред влегување.

Во соопштението се наведува дека ова не се однесува на лица под 18 години.

Остануваат мерките за заштита како што се носење заштитна маска, одржување физичко растојание,дезинфекција на рацете и практикување бесконтактни технологии за завршување на аеродромските продецури.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи