Компанијата „Модерна“ ќе ја тестира вакцината против ХИВ на луѓе

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Компанијата „Модерна“ ќе започне со тестирање на експериментална вакцина против ХИВ на луѓе.

Во првата фаќа на тестирање ќе учествуваат 56 здрави луѓе кои не се заразени со ХИВ, на возраст меѓу 18 и 50 години.

Модерна ќе тестира 2 различни верзии наречени мРНА-1644 или мРНА-1644v2-Кор.

Првата фаза ќе трае околу 10 месеци, а потоа следат втората и третата фаза со фокус на ефикасноста на вакцината и спречување на зараза со ХИВ вирусот на пошироката популација.

Научниците се оптимисти, третманите за ХИВ многу напредувале од првото идентификување на вирусот, но вакцината би овозможила создавање на антитела кои ќе го неутрализираат вирусот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи