ЛАГ АГРО ЛИДЕР преку градење на силни партнерства со деловниот сектор реализира иницијативи во локалната заедница

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Локалната акциона Група АГРО ЛИДЕР од своето постоење до денес е фокусирана на промовирање на нова перспектива за мобилизирање на ресурси и зголемување на својата одржливост и независност од донатори, преку градење на силни партнерства со деловниот сектор.

Следејќи добри примери од САД и ЕУ постепено остваруваме соработка и заедно го идентификуваме потенцијалот и можностите кои ги нуди ваквата соработка, потенцирајќи дека таа е основа за заедничко делување во корист на локалната заедница, организирани и обединети од заеднички цели, и мобилизирани во колективна акција, како корисници или чинители на процесот на развој.

Започнавме со активности за „Развој на синџирот на добавувачи во млечниот сектор во Пелагонискиот Регион“ преку концептот на коопоративна општествена одговорност, а искуството ни помогна да внесеме нова перспектива во нашато делување која ја потенцира важноста од дијалогот со бизнис заедницата за градење на одржливи рурални заедници.

Приватните ентитети со кои соработуваме се трудат да го етаблираат концептот на коорпоративна општествена одговорност преку поддршката на локални иницијативи спроведени од нас. На овој начин успеавме да обезбедиме поддршка од бизнис секторот за набавка на опрема, за поддршка на локални иницијативи како и да овозможиме поддршка во социјалната сфера, а сите активности сево корист на заедницата. Наши соработници се микро, мали и средни претпријатија а од многубројните би ги издвоиле Пожаренка, САНО, Милко ХФ, ДИД МЕДИА и др. чија континуирана  соработка и поддршка овозможува создавање на заеднички вредности и реализирање иницијативи за подобар живот на граѓаните.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи