Царовска: Отворањето на училиштата со физичко присуство е најдобра опција за учениците

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Од први септември наставата ја започнуваме со физичко присуство во сите училишта, за што Владата веќе донесе одлука и се подготвени потребните протоколи за заштита на здравјето. Отворањето на училиштата е во најдобар интерес за учениците, а истото е препорака и на УНИЦЕФ и на ОЕЦД. Најдобар начин за да го заштитиме и менталното здравје и да го одржиме нивото на квалитет на наставата и социјализацијата на учениците, е учениците да се во училница и ние тоа ќе го направиме во оваа учебна година, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во интервју за ТВ Клан.

„Апелирам протоколите за настава со физичко присуство во основно и средно образование, доследно да се почитуваат од сите ученици. Родителите да им ги посочуваат протоколите и дома кога разговараат со своите деца, наставниците исто така да ги почитуваат и секојдневно да ги потсетуваат учениците дека протоколите се важни  за сите нас“, рече Царовска.

Министерката посочи дека предвидени се и исклучоци поради кои на дел од учениците ќе им се овозможи следење на онлајн настава.

„Исклучоци од физичката настава ќе има за ученици кои во семејството односно домаќинството имаат  хронична болест, или самиот ученик боледува од хронична болест , или поради не медицински причини, за што одлука ќе носи самото училиште, ако има добра аргументација за истото. Со ова се дава можност за тие кои се повеќе во здравствен ризик да речеме да може да  следат онлајн настава во текот на целата учебна година“, рече Царовска.

Министерката посочи дека ако епидемиолошката состојба се промени, тогаш МОН е подготвено за лесна и брза промена на моделот на настава со некое од резервните сценарија со кое секако  ќе се обезбеди континуитет во образовниот процес.

Царовски потсети дека минатата година училиштата кои работеа со физичко присуство и со почитување на протоколите не беа трансмитери на вирусот, што го потврди и Комисијата за заштита на заразни болести. Бројот на позитивни случаи кај наставниците изнесуваше околу 1% од вкупниот кадар, а кај учениците 0,06 %.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи