Младински летен камп


Младински тимови од десет средни училишта од државава на почетокот на август имаа Младински летен камп во хотелот „Аквалина“ во Охрид. Овие ученици и овој камп се дел од проектот  „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза 2“, кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп а е поддржан од ifa/Zivik програмата во склоп на Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Младинкиот летен камп се одржуваше по сите протоколи за организирање на настани во овој период за заштита на здравјето на учесниците. На кампот присутните ги учеа вештините на Проектен менаџмент, а секој од училишните тимови подготвуваше по 3 идеи за локални иницијативи во секое училиште. Имено на кампот се реализира обука за детектирање на проблемите во локалната средина, но и за подготовка на проекти – проектни апликации за решавање на истите. На самиот камп се изврши и презентација на иницијативите и едукаторите високо ги отценија.

Секој тим во своето училиште ќе ги презентира идеите за локални иницијативи во форма на проекти и ќе организира гласање. Избраниот проект од учениците ќе се реализира со средства од проектот, а другите два како готови проекти ќе ги има училиштето и во иднина може да обезбеди донатори за нив или да ги реализира со сопствени средства.

Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи