На 23, 24 и 25 август ќе се врши прскање против комарци во Прилеп и неколку населени места


Врз основа на одлуката на ЕЛС-Општина Прилеп за спроведување на превентивна систематска дезинсекција, Центарот за јавно здравје Прилеп го издава следното СООПШТЕНИЕ:

„Им се соопштува на граѓаните на град Прилеп дека во деновите Понеделник 23.08, Вторник 24.08 и Среда 25.08.2021 год. во периодот од 22 до 05 часот на територијата нa Општина Прилеп екипа од Центарот за јавно здравје – Прилеп ќе ја спроведува првата фаза од адултицидната теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци. Дезинсекцијата ќе се изведува со УЛВ-апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со претходница на друго возило означено со ротационо светло.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите урбани заедници во градот Прилеп и неговата периферија како и во населените места: Ореовец, Лениште, Селце, Лагово, Беровци, Кадино село, Галичани, Тополчани, Ерековци, Канатларци, Чепигово, Тројкрсти, Мало и Големо Коњари.

Со цел избегнување на евентуални несакани последици се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар,дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки ЦЈЗ Прилеп се оградува од секаква одговорност од појава на несакани последици“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи