Словенија забрани пластични производи за еднократна употреба, парични казни за непочитување


Од вчера, Владата на Словенија забрани продажба на повеќето пластични производи за еднократна употреба, пренесува „Словенија Тајмс“.

Забраната ги опфаќа пластичниот прибор за јадење, чинии и сламки, како и чепкалки за уши, освен оние што се користат како медицинска опрема.

Регулативата, прилагодена на европските закони, забранува и пакување на храна и пијалоци од експандиран полистирен и предмети изработени од оксо-разградлива пластика.

Пластичните производи што немаат алтернатива, како влажни марамчиња, пластични филтер за цигари и тампони ќе продолжат да се продаваат. Но, тие мора да имаат посебна ознака за да ги информираат потрошувачите за штетата што ја предизвикуваат врз природата, како и начините за нивно рециклирање.

Забраната ќе стапи на сила 15 дена по објавувањето на регулативата во Службен весник.

Казните за непочитување ќе се движат до 15.000 евра за правни лица, до 5.000 евра за трговци поединци и до 3.000 евра за извршен директор или одговорен сопственик.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи