ВИДЕО – „X Squared Dance Collective“ и Добрила и Дориан Дуо го отворија фестивалот „Цело е кога се има 30“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во Прилеп вечерва започна мултимедијалниот фестивал насловен како „Цело е кога се има 30“ по повод 30 години независност на Македонија. Фестивалот е концепиран како серија од настани со кои што ќе се претстави континуитетот и трајноста на современа македонска уметност, литература и култура, и ќе се изврши реактуализација на културното наследство од 1945 година до 80-тите години на минатиот век. Проектен менаџер на фестивалот е Звонко Димоски, а проект е во продукција на училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ од Прилеп.

Фестивалот е конципиран со цел да промовира млади артисти да иима влијание на децентрализацијата на културата во Македонија и да го освежи културното живеење на нашиот град. Повторно допирајќи и ангажирајќи луѓе кои што се регионално со нас поврзани. Обработувајќи теми од нашето културно наследство, односно како и многу настани кои што јас како проектен менаџер иили театарот „Чин 4 Сцена 5“ ги има организирано. Реактуализација на културното наследство е важен дел бидејќи сметаме дека тоа овозможува континуитет во траењето народниот идентитет и трансформација на термините кои што понекогаш можеби погрешно ги употребуваме како патриотизам или родољубие“, вели Звонко Димоски, проектен менаџер на Фестивалот.

Фестивалот го отворија „X Squared Dance Collective“ со танцовата претстава „Парадоксот на Диоген“, работена по мотивите на истоимената драма на Томе Арсовски, а прилагодена на музика на Тодор Скаловски.

За прв пат се обидовме јас и Бобан како кореографи и режисери на ова дело да експериментираме малку со танц театарот односно уклучивме и текст па така се надевам дека ќе видите нешто малку поинакво какво што публиката не е навикната и се надевам дека ќе биде интересно за нив да се проследи“, рече Јована Зајкова, „X Squared Dance Collective“.

 „Само сакам да ги најавам нашите учесници, како танчери се појавуваме јас, Бобан Русески, Јована Зајкова, Дејан Петровски, Анастација Данчевска, Јана Трајковска и Илина Костовска“, кажа Бобан Русески, „X Squared Dance Collective“.

Веднаш по овој спектакулерен настап следуваше концертна промоција на албумот „Апокриф“ на Добрила Грашеска и Дориан Дуо.

„Вакви одблесоци или изблесоци на музика или уметност најчесто остануваат на маргините. Меѓутоа организаторот се потруди вечерва тоа што е на маргините, а кое што е навистина вредно да го донесе и пренесе тука. Всушност не станува збор само за културен настан во Прилеп, туку Прилеп како културен момент во Македонија и во Европа. Со помош на Звонко Димоски да се добива една културна точка на мапата на Европа во која што се обележува Прилеп не само како град на тутунот или градот под Марковите Кули туку и заживување на она што ја прави културата, а тоа е сите манастири на еден начин кои се подзаборавени, целокупната уметност, сите луѓе кои придонесувале за развојот на градот повторно да станат актуелни“, изјави Добрила Грашеска, музичар.

Поради состојбата во државата со пандемијата на Ковид 19 организаторите мораа да ги почитуваат сите новозададени протоколи за заштита од корона вирусот.

Со оглед на тоа дека имаме нови моменти во однос на протоколите со тие сертификати кои мора да бидат задолжителни при влез ние ги спроведуваме во најдобар ред. Сите посетители во салата се или со сертификат или со една доза примена вакцина или со сертификат за прележан ковид не постар од 45 дена. Претходните важечки протоколи се практикуваат, се држи дистанца, се носи маска на затворен простор и се надеваме дека се ќе помине во најдобар ред“, истакна Саша Нацевски, училиште за театар „Чин 4 Сцена 5“ од Прилеп.

Фестивалот ќе трае до 5 септември и тој е единственото големо културно случување оваа година во Прилеп, а дел од настаниите ќе се одржат и во Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи