ВИДЕО: ЛДП-ДОМ: После секои 4 години граѓаните се разочарани и бараат промена, затоа ќе им понудиме нов концепт

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Вечерва во Прилеп пред прилепчани движењето на центарот ЛДП-ДОМ го промовираше својот кандидат за градоначалник и ја претстави својата визија пред граѓаните.

„Ние сме решени на граѓаните на овие избори да им дадеме алтернатива, иако многу не веруваа во нашите намери дека ќе дотраеме во нашата цел и ќе одиме самостојно на избори, сепак ние до овој момент имаме над 50 листи на советници припремено низ цела држава и мислам дека ќе бидеме трета политичка групација која ќе има најголем број на кандидатски листи, како на советници, така и за градоначалници.

Првата, почетната најава на нашата кампања беше „Излези од маглата“, а маглата беше 30 годишното владеење во градовите на двете најголеми партии, а гледаме дека граѓаните после секои 4 години се разочарани и бараат промена. Затоа сакаме целосно да дадеме еден нов концепт, нова визија, во таа визија се разбира дека ќе има проекти кои планираме на кракок и на подолг рок да ги реализираме, некои во мандатот на градоначалникот да се завршат, а некои да се отпочнат и како долгорочни проекти за она што им фали на граѓаните и на градовите низ државата“, Горан Милевски, претседател на ЛДП.

 

„Го нарековме „Движење од центарот“ бидејќи е во центарот на политичкиот спектар во Македонија, надвор од двата големи блока и затоа што во центарот на нашата идеја е граѓанинот. Она што ние сакаме да постигнеме е граѓаните навистина да ги почувствуваат општините како вистински единици на локалната самоуправа, како свои општини, градоначалниците да имаат визија во кој правец ќе се развива понатаму општината, тоа ќе биде се разбира зелен развој, во интерес и на благосостојбата и на здравјето на граѓаните, а советниците и советничките да бидат чувари на општините.

Зошто велиме чувари, бидејќи тие се оние кои ги гласаат најважните одлуки кои се во интерес на граѓаните. Тие треба да ги чуваат општините од загадување, да ги чуваат општинските буџети од ненаменски трошења, да се грижат за граѓаните, да се грижат за заштита на животната средина, на климата и се разбира да се грижат за благосостојбата на сите граѓани во секоја општина, во секој град“, Маја Морачанин, претседател на ДОМ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи