ВИДЕО – „Со љубов и книга за старите лица“ – читање поезија на станарите на Домот за стари лица во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


„Со љубов и книга за старите лица“ е името настанот кој денеска се реализираше во домот за стари лица во Прилеп, а во соработка со Градската библиотека и ЛАГ АГРО ЛИДЕР. Идејата била овој настан да се реализира уште минатата година, но бил подложен поради пандемијата. На штитениците од домот им беше читана поезија од наши македонски автори.

„Нашата цел е во во исто време да го стимулираме и анимираме престојот на штитениците и станарите на Домот за стари лица да биде што попријатен, со изборот на литература, пред се од роднокрајни и но од домашни македонски автори. Се разбира стоиме на располагање за се она што значи интерес на читателите на станарите на Домот за стари лица. Тука сме во секој момент да донесеме книга, соработката ќе продолжи на секој начин. Во рамки на соработката тоа е тоа што сега го планираме и се надевам дека од почетокот на септември ќе биде реализирано. Целта ни беше повторно да ги приближиме роднокрајните и домашните автори со оглед на тоа што Прилеп е навистина град на великани од книжевноста како Марко Цепенков, Круме Кепески, Блаже Конески, Коле Чашуле, Благоја Корубин и други, за дел од нив годинава одбележуваме 100 годишнина од нивното раѓање, така што и со овие активности оддаваме почит“, вели Моника Талеска, директорка на Градско библиотека Прилеп.

Овој настан денеска се одржа во паркот на домот за стари лица кој беше уреден со помош на министерството за социјални политики на Австрија и организацијата БИЕНЕ, со чија поддршка се спроведува и проектот за пилотирање на услуги и достава на храна од домот со помош на електрични велосипеди за стари лица и лица со попреченост, кои се од социјален ризик, а во најава се и други проекти.

„Во склоп на овој проект се уреди и дворната површина на Домот за стари лица, а веќе во крајна фаза сме на креирање на тендерска документација, соодветно на условите во Домот за стари лица и промена на осветлувањето, односно внесување на енергетски ефикасно осветлување, согласно медицинските потреби на овие лица. Во најава ни се и нови проекти, еве за прв пат да најавиме дека ЛАГ АГРО ЛИДЕР во соработка со Центарот за социјална работа од Прилел ги пилотира условите за поддржано вработување на млади, а ќе овозможи и мобилни тимови во руралните средини што ќе овозможат и поголем пристап до информации и остварување на правата од социјална заштита на лицата во руралните средини и веќе започнавме со креирање на првата дигитална платформа за пристап до услуги и информации и совети од социјална заштита, мерките од Агенцијата за вработување што се надевам дека до крајот на септември ќе биде готова“, истакна Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Од Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ велат дека овие настани кои го збогатуваат и подобруваат животот на оние кои ги користат услугите на оваа установа ќе продолжат и во иднина.

„Во иднина ќе имаме и други проекти кои што ќе ги реализираме со Градската библиотека Прилеп, остваривме и донација од македонска литература и оваа акција нема да застане тука, се во интерес на подобрување на условите на корисниците на услуги во Домот за стари лица во Прилеп“, рече Мики Крстев, директор на Дом за стари лица.

На старите лица исто така им беа подарени и книги, од кои дел се во продукција на издавачката дејност на градската библиотека „Борка Талески“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи