Германска амбасада: Македонија од 22.08.2021 година е класифицирана како област со висок ризик

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Сојузната влада почнувајќи од 22.08.2021 година, Северна Македонија ја клафицираше како подрачје со висок ризик на инфекција со Ковид-19. Затоа, сите патници мора да се регистрираат на порталот за влез на Сојузна Република Германија и да ја носат со себе потврдата заради контрола од страна на превозникот или Федералната полиција.

Освен тоа, сите патници се должни да заминат директно во предвиденото сместување, веднаш по влегувањето во земјата и да останат таму цело време (карантин). Не е дозволено да се примаат посетители. Начелно овој карантин трае 10 дена. Ако пододнесете доказ за вакцинација или оздравување преку порталот за влез , карантинот завршува предвреме,  во моментот на поднесување. Исто така може да се направи тест (тест за антигени или ПЦР-тест) најрано пет дена по влегувањето и резултатот може да се испрати преку порталот за влез. За лица под 12 -годишна возраст, карантинот завршува автоматски, со завршување на 5 -от ден по влегувањето.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи