Заев: Имаме поголемо срце, затоа ќе примиме повеќе Авганистанци од земјите во ЕУ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Веројатно бидејќи имаме поголемо срце од сите други, веројатно затоа што чувствуваме поголема хуманост од сите други, нашиот регион поминал своевидни трауми во блиско минато, па знае колку е важна помошта, кажа денеска премиерот Зоран Заев во врска со приемот на бегалците од Авганистан.

„По глава на жител ќе примиме повеќе хуманитарци, активисти, луѓе кои работеле за НАТО и новинари и други интелектуалци, а тоа е така зашто веројатно имаме поголемо срце, затоа што имаме трауми во блиското минато и знаеме колку е важно да се подаде рака. Ги знаеме сликите од страотните сцени во Авганистан. Сакаме да помогнеме, има голем број и на деца кои се евакуираат. Немаме предрасуди, туку само сакаме да бидеме добри, хумани домаќини и организатори”, рече Заев.

Бегалците треба да добијат времен престој до 90 дена, а трошоците треба да бидат главно на САД и на други земји и светски организации.

„На пример, новинарите на Би Би Си ќе си работат за своите матични куќи и не значи дека ќе бидат затворени во хотел цел месец. Тоа заради илустрација, затоа што за лицата кои ќе дојдат од Авганистан, ќе биде даван времен престој од 90 дена. Немаме случаеви на барања на политички азил, но согласно меѓународно право ќе бидат разледани евентуални такви барања. Некои од бегалците кои ќе дојдат веќе најавиле дека веднаш ќе заминат во друга држаа, други дека ќе заминат во рок од 15 дена. Но, сеедно, секој ќе добие времен престој во траење до 90 дена”, одговори премиерот Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи