Засега не се планираат ПЦР-тестови за учениците

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Нема план и препорака засега за ПЦР-тестирање на учениците од 1 септември кога ќе се отворат училиштата, како што прават некои земји во Европа кои ги тестираат бесплатно трипати во неделата.

Што се однесува до имунизацијата, вакцинирани се околу 65 % од вработените во училиштата и градинките.

„Засега нема план и препорака за тестирање на децата. Прибираме искуства од некои европски земји и ќе анализираме оваа недела. Секако, сè што може да значи дополнителна заштита на здравјето, ние ќе го воведеме. Меѓутоа, мора да бидеме сигурни дека сето тоа што ќе го донесеме навистина ќе биде ефективно односно ќе даде некаков резултат и од тоа да се извлечеме некоја поука“, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата на која беше промовирана кампањата „Вакцинирај се!”

Според МОН, ќе се следи епидемиолошката состојба и препораките од Комисијата за заштита од заразни болести и доколку се влоши и се зголеми ризикот за ширење на заразата, подготвени се веднаш да го променат моделот на настава односно да ги применат двете резервни сценарија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи