Исплатени 255,9 милиони денари за субвенции за произведено и предадено млеко и за женски приплодни маторици

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 7.347 субјекти исплати 255,9 милиони денари за субвенции.

Станува збор за исплата на фармерите кои произведуваат и предаваат овчо, козјо и кравјо млеко. Фармерите кои произведуваат и предаваат кравјо млеко добиваат поддршка од 3.5 денари по литар, додека сите кои произведуваат козјо и овчо млеко финансиската поддршка по литар предадено млеко е 4.5 денари по литар.

Со денешната транша ислатени се и средства за фармерите кои одгледуваат женски приплодни маторици.

Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 1.000 денари по маторица и 1.100 денари по маторица за сите земјоделски стопанства кои во фармата имаат од 6 до 50 маторици.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека АФПЗРР, до денеска исплати близу 5,9 милјарди денари за субвенции, што е 84% од средствата предвидени по Програмата за финансиска поддршка во земјоделство. Досега исплатени се субвенциите за лозарство, овоштарство, сточарство, полједелство, тутун, пчеларство, мали земјоделски стопанства, индивидуални земјоделци и останати мерки.

„Сите апликанти кои ги исполнуваа условите за добивање на финансиска поддршка, во еден ден и без никаква селекција, добија пари на нивните сметки. Таа политика и пракса ќе продолжи и во иднина, земјоделците заслужуваат да си ја добијат поддршката кога се во полн на берба или пак подготовка на површините за есенската сеидба. Средства за исплата на земјоделските субвенции има, земјоделците се наш партнер и затоа грижата за агро – секторот останува приоритет на оваа Влада. Агенцијата, министерството за земјоделство и Владата ќе продолжат да креираат поволни мерки и политики кои ќе помогнат за раст и развој на секторот земјоделство“, вели Бачовски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи