Анализа: Во просек поминуваме 9 години од животот гледајќи во екранот од телефонот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Дигиталната ера во која денес живееме, свесно или несвесно во голема мера влијае врз нашето секојдневие, навики, комуникација, учење, па животот без телефон стана речиси незамислив.

Истражување спроведено од веб-страницата за споредба на телефони „Висл аут“ го открива одговорот. Анализата била направена на 1.000 корисници на телефони, а според нивните навики, една личност просечно поминува 9 години од животот користејќи мобилен телефон.

Од анализата, податоците откриваат дека лицата родени од 1981 до 1996 година поминуваат една четвртина од времето кога се будни на телефон. Лицата родени од 1965 до 1980 поминуваат околу 16,5 отсто од времето на телефон, а за лицата родени помеѓу 1946 и 1964 процентот изнесува 9,9.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи